ОДЛИЧНА ЗАМЕНА ЗА ЛЕБ: Векна со зеленчук

ОДЛИЧНА ЗАМЕНА ЗА ЛЕБ: Векна со зеленчук

Малку необична векна со компир која ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 1 кг компир
  • 500 гр боранија
  • 3 главици кромид
  • 200 гр овчо сирење
  • 3 цели јајца
  • маслиново масло
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги неизлупените компири во посолена вода.
  2. Ситно исечканиот кромид пропржете го на умерена температура, во тефлон тава, со 2 лажици масло. Исчистената боранија обварете ја во посолена зовриена вода 5-7 минути, измијте ја, исцедете ја и додајте ја во тавата со кромидот, па динстајте заедно уште десетина минути.
  3. Сварените компири излупете ги, ставете ги во чинија и изгмечете ги со вилушка. Потоа додајте изгмечено сирење, посолете, побиберете, па измешајте со 3 разматени јајца, издинстаните кромид и боранија.
  4. Се добро соединете, ставете на фолија или мрсна хартија, обликувајте како леб и ставете во намастен плех.
  5. Печете на 190 степени околу 60 минути. Готовата векна извадете ја од рерната, почекајте малку да се излади, исечете на парчиња и послужете.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

Домашен леб со маслинки

singlepost_text