Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје

Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје

Извонредниот светски 2* Мишелин готвач, Џанфранко Киарини, со својот тим, ќе приреди фантастичен гастрономски перформанс и доживување за македонските граѓани.

Прв пат во Македонија, на специјален настан, Киарини, кој готвел во ресторани со 3* Мишелин, ќе создава извонредни готвачки специјалитети со прекрасен дизајн и комбинација со соодветни вина. Неверојатно вкусно подготвената храна, според највисоките Мишелин стандарди и совршеното целокупно доживување, го овозможуваат Слоу Фуд Македонија, ресторанот Хантерс Лоџ Камник, Винаријата Камник како генерални спонзори и несебичната поддршка од Миеле Македонија, хотел Гарден Охрид,  хотел Радика и Горска вода.

Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, лично ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој ќе подготвува мени од 5 јадења, по Мишелин стандардите, а истите ќе се подготвуваат и спаруваат со соодветни Камник вина. Овие екстравагантни гастрономски настани ќе се случуваат во еден од најреномирани ресторан  во нашата земја, Хантерс Лоџ Камник, со почеток во 20 часот, а бројот на  места е ограничен на само 80 лица по вечер.

На 7 октомври Киарини ќе одржи специјален семинар наменeт само за професионални готвачи. Овој семинар ќе се одвива во Винскиот клуб Камник со почеток во 10.00 часот. За присуство на сите овие настани, потребно е заинтересираните гости да обезбедат билет, со што се добива и резервација на место. Билетите ќе бидат достапни во продажба од 3ти октомври 2016 (денеска) во ресторанот Хантерс Лоџ Камник.

Во светски рамки, гастрономијата достигнува ниво на транформација, преминувајќи во применета уметност во поглед на процесот на подготовка на храната и комбинирање на состојките и во поглед на надворешниот дизајн на порциите и нивно внимателно комбинирање со соодветни вина. Ваквото целосно соединување на приготвување на храната со уметноста овозможува нови возбудливи и бесконечни истражувања во деликатната сфера на создавање на вкусовите и во сферата на визуелната уметност која, сама по себе, ја претставува суштината на делото.

Инфо за резервации и билети: Ресторан Хантерс Лоџ Камник, контакт: 02 252 3522; info@kamnik.com.mk

Gotvi.mk рецепти:

Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text