Изненадете ги гостите со вкусно и примамливо суфле.
Состојки:
- 6 поголеми портокали
- 1 лажица путер
- 6 лажици густин
- 6 лажици шеќер во прав
- 4 јајца
- 2 лажици какао
Начин на подготовка:
- Измијте ги портокалите. Засечете им го врвот и дното. Пресечете ги на половина, извадете ја средината и од неа исцедете го сокот.
- На благ оган во тава растопете путер, густин, какао, сок од портокал и шеќер во прав. Гответе со постојано мешање додека не згусне.
- Тргнете ја тавата од оган и додајте една по една жолчка за да се соедини во крем и изладете. Белките разматете ги во цврст снег и измешајте ги со кремот.
- Наполнете ги издлабените кори од портокали со добиената смеса и печете на 250 степени 15 минути.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Рецепт за панакота со јагоди
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО: Рецепт за брз домашен чоколаден ролат
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет