Ако сте љубител на сланина и зеленчук, ова јадење е баш за вас!
Состојки:
- 0,5 кг компири
- 200 гр сланина
- 1 главица кромид
- 5 чешниња лук
- 2 пиперки
- масло
- босилек
- бибер, сол
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите и исечете ги на половина.
- Исечкајте ги кромидот и пиперките, а чешнињата лук само преполовете ги.
- Ситно исечканата сланина пропржете ја во тава и додајте го исечканиот зеленчук. Прелијте со вода и динстајте триесетина минути.
- Зачинете го ѓувечот, ставете го во плех и запечете во рерна на 200 степени.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки
Направете селска тава – одличен вкус со малку труд
Гнездо од компири со селско месо
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки