Полнети потпечени палачинки (ВИДЕО)

Полнети потпечени палачинки (ВИДЕО)

Лесно се прават, а се идеални за доручек или вечера.

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 200 гр брашно
  • масло
  • 100 гр гриз
  • 1 павлака
  • 200 гр сирење
  • 7 јајца
  • 100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Разматете две јајца со жица, додајте малку масло и малку млеко (околу 300 мл), а потоа брашно, добро разматете да нема грутки и испечете палачинки.
  2. Во чинија скршете 2 јајца, па додајте павлака и сирење.
  3. Во друга чинија разматете едно јајце па додајте малку млеко и гриз и со тоа премачкајте ја секоја палачинка, а потоа од горе ставајте по една лажица сирење и павлака свиткани редете ги во плех.
  4. Останатите две јајца разматете ги со малку млеко и остатокот од филот од сирење. Измешајте и ставете врз палачинките, па додајте рендан кашкавал.
  5. Печете во рерна на 200 степени околу 30 минути, додека убаво не порумени. Сервирајте ги топли.

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

singlepost_text