Направете вкусни розен колачи кои никого нема да остават рамнодушен. Верувајте, вкусот е незаменлив, а се прават брзо и лесно.
Состојки:
- 1 пакување кори за розен торта
- 400 гр мелени ореви
- 2 дл вода
- 200 гр шеќер
- 250 гр маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 3 лажици вода
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица масло
- 1 розова боја за колачи
Подготовка:
- На оган се става шеќерот со водата да проврие, па се остава додека не се растопи целосно. Се додава маргаринот, па мелените ореви. Се трга од оган и се меша додека не се соедини.
- Корите се филуваат во тенки слоеви, по 4 лажици на кора, и се редат една врз друга. Последната не се филува.
- Се ставаат во ладилник 3-4 часа.
- Се спрема глазурата. Шеќерот во прав се меша со вода, лимонов сок и со маслото.
- Може да се додаде и розе бојата за колачи.
- Премачкајте ги колачите со оваа смеса.Уживајте и гответе со љубов 🙂
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега