Печено месо – Ќе се зачудите од овој рецепт, но вкусот е генијален

Печено месо – Ќе се зачудите од овој рецепт, но вкусот е генијален

Иако можеби звучи чудно и необично, свински котлети во комбинација со јаболка и цимет имаат неодолив и пикантен вкус. Дури и да се колебате за овој рецепт, крајниот резултат ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 4 свински котлети
  • 1 лажица масло
  • 2 јаболка
  • 1/2 лажица цимет
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 1 дл сок од јаболка или бело вино
  • зачини

Подготовка:

  1. Котлетите пропржете ги на тава со масло. Потоа ставете ги во плех за печење.
  2. Јаболката исечете ги на кругови, ставете цимет и кафеав шеќер, па ставете ги во плехот, а врз нив ставете ги котлетите.
  3. Посипете со сок од јаболка или бело вино и ставете зачини. Печете покриено со фолија на 180 степени околу 45 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук