Вкусна пица во леб, која знаат да ја подготват и почетници! (ВИДЕО)

Вкусна пица во леб, која знаат да ја подготват и почетници! (ВИДЕО)

Ако правењето пица ви се чини како премногу комплицирано, бидејќи да се направи тестото е мачно, а готовите теста не се толку вкусни, имаме решение!

Земете векна леб и од неа направете феноменална пица која ќе ја изедете за момент!

Состојки:

  • 1 округла векна леб
  • 1 шолја сос од домати
  • 220 гр моцарела
  • 170 гр салама
  • 1/2 главица исечкан кромид
  • 1/2 шолја босилек
  • 1 исечкана зелена пиперка
  • 1 шолја исечкан кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Отсечете го врвот на лебот и извадете ја внатрешноста.
  2. Распоредете половина од сосот од домати по дното и прекријте со половина од количината моцарела, додајте салама, кромид, босилек, пиперка, останатиот сос и моцарелата. Потоа додајте и половина од кашкавалот и преклопете со парчето леб.
  3. Лебот замотајте го во фолија и притиснете го со некој тежок предмет и така оставете го 30 минути.
  4. Отстранете ја фолијата и одозгора додадете го останатиот кашкавал и пиперка.
  5. Печете 30 минути додека кашкавалот не поприми златна боја.
  6. Оставете да се излади 10 минути, исечете и послужете.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк

Вкусен појадок

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт