Изненадувачки брзо се подготвува, а е навистина вкусен појадок, ужина или пак вечера. Се јаде во секој дел од денот и ноќта и има неверојатен вкус. За петнаесетина минути ќе имате пита за секоја ситуација.
Состојки:
- 250 мл јогурт
- 150 гр брашно
- 200 гр сирење
- 200 гр виршли Пекабеско
- 1 лажица прашок за печиво
Поготовка:
- Сирењето крупно се ренда во сад, а виршлите се сечат на кругови и се пржат на тава со масло.
- Јајцата, јогуртот, сол и прашокот за печиво се мешаат во сад заедно со брашното.
- Додадете ги сирењето и виршлите и повторно промешајте убаво.
- Тестото ставете го на тепсија со масло и печете на 180 степени 30-40 минути.
- Послужете со јогурт.
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин