Гурмански преснец со бел дроб

Гурмански преснец со бел дроб

Ново ремек дело од кујната на Соња. Таа ни го открива рецептот:

Состојки:

  • 1 кг бел дроб телешки
  • 1 кг кори
  • 2 главици кромид
  • 6 јајца
  • 250 мл кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Се пржи кромидот, се додава претходно сварениот и исечкан на ситни коцки бел дроб.
  2. Додадете ги зачините: сол, зеленчуков зачин, бибер и се додава од водата во која се варел дробот.
  3. Откако ќе се олади смесата се додаваат 6 јајца изматени со миксер и киселата вода.
  4. Се редат во замастен плех корите така што на секои две кори се става од течниот фил. На крај врз последната кора се става малку зејтин и се сечат парчиња.
  5. Се пече на 200 степени 1 час.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Направете селска тава – одличен вкус со малку труд

Гнездо од компири со селско месо

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Селско месо по едноставен рецепт

Турли тава со пилешко месо

Печени шницли со зеленчук

Повеќе Gotvi.mk рецепти за главни јадења

singlepost_text