Еве како да направите домашен пинџур

Еве како да направите домашен пинџур

Ако сте љубител на зимници, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне!

Состојки:

Ingredients

  • 4 кг зрели домати
  • 200 гр лути феферони
  • 8 дл вински оцет
  • 4 големи лажици сол
  • 250 гр шеќер
  • 1 дл масло

За другата смеса потребни се:

  • 6 кг печени исчистени пиперки
  • 3 чешниња лук
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги доматите и сомелете ги сирови. Потоа измешајте ги со останатите состојки, освен оние кои ги издвоивте за другата смеса. Добро измешајте и оставете да се вари наредните час и половина.
  2. Печените и исчистени пиперки ситно исечкајте ги, како и лукот и магдоносот. Состојките додајте ги во првата смеса по час и половина готвење, измешајте и продолжете да варите уште околу 20 минути, со повремено мешање, на умерен оган.
  3. Кога ќе биде доволно готвење, ви преостанува топлиот пинџур да го ставите во стаклени тегли.

Уживајте!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

 

singlepost_text