Роботот Mykie наскоро доаѓа во нашите кујни да ни помогне

Роботот Mykie наскоро доаѓа во нашите кујни да ни помогне

Роботот Mykie (MyKitchenElf) наскоро доаѓа во нашите кујни за да ни кажува што има во фрижидерот или колку долго мора да се пече јадењето.

Хуманоидниот робот висок 30 сантиметри има кружен монитор кој може да клима со главата, да намигнува и да се смее, прицврстен е на тело во облик на корнет кое се поставува на кујнската работна маса.

Прототипот е прикажан на неодамнешниот саем за електроника IFA во Берлин.

Mykie е „личен асистент кој ги олеснува секојдневните кујнски работи“, рекол КаиГрасие, директор на одделот за иновации на германската компанија BSH HomeAppliances.

Роботот е во состојба да ги контролира кујнските апарати како машината за перење садови и да реагира на гласот на сопственикот така што предлага рецепти или одговара на прашања како на пример: какво е времето денес.

Засега не е познато кога роботот ќе биде достапен на пазарот.

Повеќе вести на Gotvi.mk:

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

 

singlepost_text