Италијанска кујна на милион начини: Тортелини со шунка во бело вино

Италијанска кујна на милион начини: Тортелини со шунка во бело вино

 Италијанската кујна е една од најубавите, која се јаде насекаде низ светот. Тестенините и можноста да се комбинираат на милион начини, а сепак да имаат одличен вкус, се она што ги прави посебни.Овој пат ви нудиме нов, вкусен и лесен рецепт за да ја донесете италијанската кујна на оригинален начин во вашиот дом.

Состојки:

  • 25 гр масло 
  • 50 гр рукола 
  • 4 суви смокви 
  • 100 гр маслинки
  • 150 мл бело вино 
  • 390 гр домати 
  • Црн бибер 
  • 1 лажица шеќер 
  • 1 лажица сол 
  • 400 гр тортелини

Подготовка:

  1. Тортелините сварете ги во солена вода. Во меѓувреме, на загреано масло во тава, додајте ја шунката исечена на коцки, заедно со маслинките. 
  2. Се заедно пропржете и додајте ги во садот белото вино, па доматите исечкани на коцки и зачини по избор. Ставете вода и оставете да поврие. 
  3. Додајте шеќер за да се неутрализира киселиот вкус. 
  4. Ставете во сад со вода рукола и сувите смокви. Додајте и сол. 
  5. Кратко варете, па додадете ги тортелините. 
  6. Сервирајте во длабока чинија. 

    Добар апетит

Повеќе вести на Готви.мк:

Тортелини со сланина и павлака

Паста и сос по домашен рецепт

Јуфки трио формаџо

Паста поло

„Mac and Cheese“ како домашен специјалитет

Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук