Одличен е за време на есенските денови…
Состојки:
- 200 гр кекс
- 100 гр мелен кекс
- 3 банани
- 3 јаболка
- 150 гр мелени ореви (или лешници, или бадеми)
- 100 гр шеќер
- 1 пудинг од ванила
- половина литар млеко
- 2 лажици шеќер
- шлаг (по желба)
Начин на подготовка:
- Јаболката излупете ги, крупно изрендајте и ставете ги во чинија.
- Додајте изгмечени банани, мелени ореви, мелен кекс, шеќер и добро измешајте.
- Тацна или тепсија обложете со кекс. На кексот нанесете фил и израмнете ја површината.
- Подгответе пудинг според упатството на кесичката.
- Нанесете пудинг на филот и оставете да се излади.
- Сечете на коцки, а по желба украсете со шлаг.
Уживајте!
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат