Вкусот на сочна плескавица надополнет со печурки е дефинитивно супер идеја за ручек која сите ќе ги воодушеви. Потребни ви се само неколку намирници и ќе имате ручек на маса за 30 минути.
Состојки:
- 600 гр мелено месо
- 100 гр шампињони
- 1 лукче
- 1 лажица сенф
- 2 лаќици масло
- 1 кромид
- зачини
Подготовка:
- Во тава со масло испржете ги заедно печурките, лукот и кромидот на масло.
- Помешајте ги месото, сенф, и зачини.
- Откако месото ќе биде готово, обликувајте плескавици.
- Во средината ставете со лажица од смесата од тавата.
- Печете на скара петнаесетина минути.
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки