Руска чоколадна торта со кокос

Руска чоколадна торта со кокос

Оваа чоколадна торта е вистински хит во Русија, а веруваме дека и вас ќе ве воодушеви!

Состојки за топчиња од сирење:

  • 250 гр крем сирење
  • 50 гр шеќер во прав
  • 3 лажици густин
  • 50 гр кокос
  • 2 жолчки

Состојки за бисквит:

  • 2 лажици брашно
  • 6 белки
  • 4 жолчки
  • 30 гр шеќер во прав
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици густин
  • 100 грчколадо
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • ванилин шеќер
  • малку сол

Состојки за глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици павлака

Начин на подготовка:

  1. Прво направете топчиња од сирење така што ќе го измешате крем сирењето, 50 гр шеќер во прав, 3 лажици густин и две жолчки. Разматете со миксер и додајте кокос. Обликувајте топчиња од оваа смеса, наредете ги на хартија за печење и ставете ги во фрижидер.
  2. Во сад измешајте две жолчки со шеќер во прав и разматете.
  3. Чоколадото растопете го на пареа, па кога малку ќе се излади измешајте го во смесата со жолчките.
  4. Изматете ги белките и додајте 15 гр шеќер во прав. Полека измешајте ги  со смесата од чоколадо.
  5. Во друг сад измешајте 2 лажици какао, 2 лажици густин, 1 лажичка прашок за печиво, брашно и ванилин шеќер. Потоа оваа сува смеса измешајте ја со чоколадната смеса.
  6. Наредете ги топчињата од сирење и кокос во калап за торти, па прелијте ги со чоколадната смеса. Печете околу 35 минути на 180 степени.
  7. На крај прелијте со глазура која сте ја направиле од растопено чоколадо и кисела павлака. Фали уште само да се излади.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

singlepost_text