Иако се чини како најлесна работа на светот, готвењето јајца сепак бара внимание на некои ситници.
1. Користите погрешно тенџере
Никако не се обидувајте да сварите јајца во мало тенџере. Освен што некои нема добро да се сварат, други можат да испукаат под притисок.
2. Не ставајте сирови јајца во зовриена вода
Ако мислите дека така ќе го скратите процесот на готвење, се лажете. Правило е јајцата секогаш да ги готвите во студена вода. Така температурата подеднакво ќе расте, јајцата рамномерно ќе се варат и нема да пукаат.
3. Не варете свежи јајца
Варените јајца може да бидат незгодни за лупење. Што постари, тоа полесно ќе се отстранува лушпата од нив. Секако да бидат во рокот на употреба.
4. Преварени јајца
Ова може секому да му се случи, па затоа не ги варете јајцата подолго од 10 минути.
5. По варењето измијте ги јајцата со студена вода
Кај јајцата, но и кај други намирници процесот на готвење не престанува оној момент кога тенџерето ќе го тргнете од оган. Доколку не сакате да ги преварите јајцата, измијте ги во студена вода веднаш по готвењето.
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Гнездо од компири со селско месо
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин