Идеален рецепт за презафатените домаќинки кои немаат многу време за подготвување зимница.
Состојки:
- 3 кг црвени пиперки
- 2 поголеми модри патлиџани
- бибер во зрна
- масло
- 1 главица лук
- шеќер
- половина чаша оцет
- сол
Начин на подготовка:
Directions
- Пиперките добро измијте ги, исчистете ги и сомелете ги. Ставете ги на масло и пропржете.
- Додајте мелени модри патлиџани кои претходно сте ги измиле и излупиле. Продолжете со пржење и додајте сечкан бел лук, сол, малку шеќер, оцет и бибер во зрно по вкус.
- Готовиот ајвар ставете го во чисти стаклени тегли.
Добредојде за есента и мирисот на тазе ајвар 🙂
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи