Подгответе посна витаминска чорба

Подгответе посна витаминска чорба

Уживајте во вкусна чорба полна со витамини…

Состојки:

  • 1 рендан морков
  • 1 морков исечкан на коцки
  • 1 домат
  • малку боранија
  • 1 главица кромид
  • 1 пашканат
  • малку брокула
  • малку грашок
  • 1 пиперка
  • 1 компир
  • целер
  • магдонос
  • малку масло
  • 1 лажица зачин
  • 1 лажица ориз
  • малку мелен бибер

Начин на подготовка:

  1. Морковот изрендајте го и малку пропржете го, додајте сечкан кромид, па кога тоа малку ќе се пропржи додајте сечкана пиперка, потоа сечкан морков, брокула, пашканат на коцки, боранија, грашок, компир. Ставете малку вода и динстајте околу 10 минути.
  2. Налејте вода, додајте две гранчиња целер и сварете го зеленчукот.
  3. Пред крајот додајте лажица ориз, полна лажица сечкан и излупен домат, како и рамна лажица зачин.
  4. Во  готовата чорба додајте сечкан магдонос и малку бибер, и веднаш тргнете го садот од оган и поклопете.

На здравје!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text