Палачинки со кафе

Палачинки со кафе

Десертот кој веќе знаете да го подготвувате можете да го дополните со нов, неодолив вкус на кафе…

Состојки:

  • 240 гр брашно
  • 1 лажичка мелено кафе
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 30 гр путер
  • 230 мл млеко
  • 1 јајце
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во чинија измешајте брашно, мелено кафе, шеќер, прашок за печиво и малку сол. Измешајте ги состојките заедно додека не се соединат.
  2. Растопете путер во мал сад и потоа додајте ги  растопениот путер и млекото во сувите состојки и скршете го јајцето во истиот сад. Добро разматете со миксер.
  3. Загрејте тава и нема потреба дополнително да ја премачкувате со путер. Внимателно ставете една лажица од мешавината во тавата. Кога ќе видите како се појавуваат меурчиња свртете ја палачинката.
  4. Палачинките пржете ги додека не поруменат и на другата страна. Потоа ставете ги во сад и внимателно прелијте ги со вашиот омилен прелив.

Уживајте 🙂

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

singlepost_text