Брз и вкусен ручек од малку состојки: Пилешко во бешамел

Брз и вкусен ручек од малку состојки: Пилешко во бешамел

Секојдневно готвиме и ни снемува идеи за нешто интересно и невообичаено што ќе има одличен вкус. Овој пат ви нудиме пилешко месо во бешамел сос кое одлично ќе ви користи како главно јадење, но и како предјадење. Потребни ви се само неколку состојки и малку труд.

Состојки:

  •  300 гр пилешко
  • 200 гр брашно
  • 50 гр маргарин
  • млеко по потреба
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Пилешкото се чука од двете страни, му се ставаат зачините, па се пржи на тава со масло додека не порумени од двете страни.
  2. Во тава се растопува маргаринот, се додава брашното и малку млеко по потреба, па сето тоа се крчка за да се приготви бешамел сос.
  3. Кога ќе биде готов сосот, месото се става на чинија, па бешамелот се сипува врз него.
  4. Може да декорирате со магдонос и да послужите со чаша вино.Гответе со љубов и уживајте во одличниот вкус на месото!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо