Ако сте љубители на месо, ова е совршен рецепт за вас. Направете вкусно телешко месо со зачини и бело вино од кое ќе ги излижете прстите.
Состојки:
- 2 кг телешко месо
- 3 лукчиња
- 2-6 ловорови листови
- 1 гранче рузмарин
- малку бибер и црвен пипер
- сол
- маслиново масло
- 1 дл бело вино
- неколку компири
Подготовка:
- Месото посолете го, па испечете го на тава со маслиново масло во која ќе го ставите и лукот.
- Префрлете го месото откако ќе биде готово во тава со хартија. Ставете ги ловоровите листови, рузмаринот, биберот, сол и црвениот пипер.
- Посипете го белото вино, па ставете капак на тавата и печете на 150 степени околу час и половина.
- Половина час пред крајот извадете го капакот, зголемете на 180 степени и додајте неколку исечени компири.
- Откако месото ќе биде готово исечете го на даска и послужете го со компирот.
- На здравје!
Салата која летово ќе ја правите секој ден
Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика
Полнети тиквички по најдобар рецепт