ПРЕВКУСНО ЈАДЕЊЕ: Печени батаци со сос од лук

ПРЕВКУСНО ЈАДЕЊЕ: Печени батаци со сос од лук

Ако сакате да подготвите вкусен ручек, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас…

Состојки:

  • 2 килограми батаци
  • 3 лажици сол
  • малку рузмарин
  • 100 гр пармезан
  • оригано
  • 2 лажици маслиново масло
  • сечкан сув магдонос
  • ловоров лист
  • главица лук
  • 2 л вода
  • 2 лажички бибер
  • 10 гр лута мелена пиперка
  • 80 мл оцет балсамико
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете ја водата и додајте сол, балсамико оцет, ловоров лист, магдонос, оригано и сушен рузмарин и ставете на оган да загрева додека не зоврие. Во тенџерето додајте ги и батаците и гответе ги околу 20 минути.
  2. Потоа, извадете ги батаците од тенџерето и оставете ги да се изладат и исушат.
  3. Додека батаците се ладат подгответе сос, а рерната загрејте ја на 220 степени. Во сад ставете ги исчистените чешниња лук и малку сол, па добро изгмечете.
  4. Префрлете го лукот во поголем сад, па додајте маслиново масло, мелена пиперка, бибер и добро измешајте.
  5. Батаците ставете ги во презла, а потоа и во мешавината од зачини и посипете со пармезан.
  6. Намастете плех за печење, наредете ги зачинетите батаци и по желба дополнително посипете со пармезан.
  7. Печете во загреана рерна околу 25 минути.

На здравје!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk

Печени тиквички со пилешко и зеленчук

Салата со рукола и пилешко

Полнет ананас со ориз и пилешко

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Многу вкусно: Потпечена тава со пилешко месо и печурки

Pad Thai со пилешко

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

singlepost_text