ДОАЃААТ МАНДАРИНИТЕ: Четири причини зошто максимално да ги искористите!

ДОАЃААТ МАНДАРИНИТЕ: Четири причини зошто максимално да ги искористите!

Мандарините се вкусни и речиси сите ги сакаат. Но, дали знаете дека од тоа цитрусно овошје имате повеќекратна здравствена корист – го намалува ризикот од појава на рак, поттикнува слабеење…

Може да го намалат ризикот од рак

Мандарините можат да го намалат ризикот од рак на црниот дроб. Имено, научниците на Универзитетот Кјото откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатитис можат да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини.

Мандарините се добар извор на витамин Ц

Мандарините можат да ви дадат и до 80 отсто од потребниот дневен внес на витамин Ц. А сите знаеме дека од витаминот Ц имаме повеќекратна здравствена корист, на пример во борбата со слободните радикали.

Влијаат и на холестеролот

Антиоксидансите во мандарините можат да го спуштат нивото на „лошиот“ холестерол. Тоа го постигнуваат борејќи се против слободните радикали, кои оксидираат холестерол, па тој лесно се насобира на ѕидовите на артериите.

Изгубете тежина

Мандарините се извор на диетални влакна, дури 3 гр влакна на 100 гр. А редовното консумирање на тие влакна ќе ви помогне подолго да останете сити.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат