Стапчиња од тиквички – Рецепт кој ќе го правите секој викенд

Стапчиња од тиквички – Рецепт кој ќе го правите секој викенд

Дури и оние кои не се љубители на тиквички, ќе го сменат мислењето после овој рецепт:

Состојки:

  • 3 големи тиквички
  • 4 супени лажици пченкарно брашно
  • 3 големи лажици бело брашно
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка пипер
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажица млеко
  • 1 јајце
  • маслиново масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Се прави смеса од јајцето, млекото, солта, како и смеса од брашното и зачините.
  2. Тиквичките се сечат по должина на стапчиња кои се потопуваат во смесата со млеко и јајце, а потоа во смесата со брашно и зачини.
  3. Се пржат неколку минути  на маслиново масло, а потоа се оставаат на хартиена подлога за да се впие маснотијата.

Се послужуваат топли.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Турли тава по најдобар рецепт

Крем супа од зеленчук

Одлична идеја за ручек

ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица

Печена пица палачинка

ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица
ФОТО: Принтскрин/YouTube