Деликатес на денот: Солен пудинг од палента и зеленчук

Деликатес на денот: Солен пудинг од палента и зеленчук

Кога ќе се спомене пудинг, веднаш не потсетува на слатко уживање во кујната. Gotvi.mk овој пат ви нуди супер вкусен солен пудинг од палента, со многу зеленчук. Вкусот на детството во ново издание ќе ве остави без зборови.

Состојки:

  • 400 мл вода
  • 60 гр масло
  • 1 лажица вегета
  • 150 гр палента
  • 2 јајца
  • 150 гр домати
  • 2 лажици магдонос
  • 2 лажици лук во прав
  • 50 гр рендано сирење
  • Замрзнат мешан зеленчук на Пекабеско (пченка, морков, грашок)

Подготовка:

  1.  Во врела вода со масло и вегета се става палентата да се свари. Откако ќе биде готова во садот се додава и едно изматено јајце. Останатите јајца се мешаат во сад со доматите исечени на коцки, магдоносот, лукот во прав и сирењето, па се ставаат врз подготвената палента.
  2. Од смесата се става во калапи за пудинг, претходно намачкани со масло.
  3. Се печат со алуминиумска фолија на нив околу 45 минути на 150 степени.
  4. Кога ќе бидат готови, декорирајте ги со мешавина од зеленчук, претходно сварена во вода.
  5. Ставете зачини по избор и уживајте.
  6. Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

ВИДЕО: Сите полудеа по овој рецепт – од сега ќе правите само вакви компири

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин