Брзо егзотично уживање: Ананас торта

Брзо егзотично уживање: Ананас торта

Направете вкусна егзотична торта со ананас која ќе ги воодушеви сите со својот вкус.

Состојки:

  • 300 гр мелени плазма
  • 150 гр шеќер во прав
  • 150 гр плазма
  • 1 маргарин
  • 200 мл млеко
  • 5 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 20 гр желатин
  • 500 мл слатка павлака
  • 300 гр шеќер
  • 1 конзерва ананас
  • 50 гр чоколада
  • 1 кеса шлаг
  • 1 крем

Подготовка:

  1.  Во длабок сад се реди плазмата, која пред тоа треба да биде натопена во млеко. Врз неа се става фил од мелената плазма, маргарин, малку млеко и 100 гр шеќер во прав.
  2. Ананасот се реди врз плазмата.
  3. Жолтиот фил се подготвува така што се мешаат жолчките од јајцата, кои ги ставаме на пареа, заедно со млеко, 100 гр шеќер, ванилин шеќер, желатин. Сè матиме со миксер додека да се соедини.
  4. Во друг сад се ставаат белките, слатката павлака, кремот, и шлагот и се мати со миксер додека не се добие цврста и хомогена смеса.
  5. Ананасот се реди и на жолтиот фил, па преку него се ренда чоколадата.Уживајте и гответе со љубов!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта