Ако немате многу време, ова е вистинскиот избор за вас – подгответе вкусен ручек за половина час.
Состојки:
- 600 гр пилешко филе
- 100 гр кашкавал
- 2 домати
- 200 мл јогурт
- магдонос
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Филето исечете и истолчете го од двете страни.
- Изрендајте кашкавал, исечете ги доматите на тркалца и исечкајте го магдоносот.
- Ставете ги шницлите во тепсија, посолете, зачинете, а од горе наредете ги парчињата домат и ставете исечкан магдонос.
- Рамномерно прелијте го јадењето со јогурт и ставете изрендан кашкавал.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
Повеќе Gotvi.mk рецепти со пилешко месо тука
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици
ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута