Пилешки крокети се одличен ручек кој ќе ги собере и децата и возрасните на трпеза. Неодолива арома ќе се рашири во вашиот дом при подготовката, а вкусот е неверојатно добар. Ви требаат неколку намирници за супер оброк кој одлично оди со пиво.
Состојки:
- 1 пилешка супа
- 200 гр брашно
- 200 гр масло
- 2 јајца
- 1 прашок за печиво
- 1 лажица исечкан магдонос
- 1/2 кг пилешко филе
- 1 лажица вегетаСостојки за поховање:
- 2 јајца
- 200 гр презла
- 100 гр брашно
- 2 лажици масло
Подготовка:
- Пилешкото филе се вари во солена вода. Откако ќе се обари, се вади и се лади во сад настрана.
- Во 300 мл зовриена вода, се додава супата, кратко се вари и се додава маслото. Се ставаат брашното и прашокот за печиво, а се меша додека смесата не стане густа.
- Садот се трга од оган и се додаваат јајцата, магдоносот, пилешкото исечкано на парчиња и, вегетата. Сè добро се меша со миксер.
- Од оладената смеса се прават крокети, убаво се поминуваат во состојките за поховање (брашно, разматено јајце и презла) па се пржат на тава со масло.
- СОВЕТ: Послужете ги со пиво, а за децата со чаша јогурт.Уживајте во мезето и гответе со многу љубов 🙂
Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна
Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Италијанско предјадење за цело семејство
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка
Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак