БРЗО, ЛЕСНО И ВКУСНО: Ќофте во сос од домати

БРЗО, ЛЕСНО И ВКУСНО: Ќофте во сос од домати

Пробајте го овој специјалитет…

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • кора од леб
  • зачин, сол, пипер, бибер

Состојки за сос:

  • 1/2 шолја масло
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл варен домат
  • малку зачин
  • малку шеќер (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и додајте го месото.
  2. Во таа смеса додајте јајце, исечкана кора од леб, зачин, сол, пипер и бибер.
  3. Добиената смеса изедначете ја со раце.
  4. Со раце обликувајте мали ќофтиња и пржете ги на масло.
  5. Готовите ќофтиња ставете ги на салфети како би се исцедиле маснотиите.

Подготовка на сос:

  1. Испржете 1/2 шолја масло и брашно додека не зарумени.
  2. Додајте го варениот домат и мешајте за да не се создадат грутки. Додајте малку вода.
  3. Сосот гответе го 2-3 минути, а потоа додајте малку зачин и малку шеќер.
  4. Сосот послужете го како прилог со ќофтето.

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

singlepost_text