Банана пудинг за совршени ноќи со семејството

Банана пудинг за совршени ноќи со семејството

Доколку седите со семејството и се мислите што благо да каснете и да се освежите, тогаш решението е пудинг од банани кој има прекрасен вкус.

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 5 зрели банани
  • 20 гр шеќер
  • 20 гр густин
  • 1/2 лажички цимет
  • 1 лажица мед

Подготовка:

  1. Густинот и шеќерот се матат со малку млеко, а остатокот од млекото се става во сад на оган, за да се свари.
  2. Откако млекото ќе биде готово се додава смесата со шеќер и густин во него, постојано мешајќи.
  3. Бананите се толчат и се додаваат во смесата на оган заедно со циметот и медот.
  4. Се става во мали чинии и се остава во ладилник.
  5. Одозгора декорирајте со банани или цимет.
  6. На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта