Совршен кафе колач со банани

Совршен кафе колач со банани

Направете вкусен колач од кафе со банани кој ќе рашири неодолива арома во вашиот дом. Сите како маѓепсани ќе дојдат во кујната.

Состојки:

  • 120 гр маргарин
  • 130 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 2 банани
  • 160 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 дл кафе еспресо

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Плехот за печење обложете го со хартија.
  2. Путерот и шеќерот измиксирајте го заедно додека да се добие кремаста смеса, па додајте ги и јајцата, едно по едно.
  3. Додајте ги и бананите и кафето, без да престанете да мешате.
  4. Во друг сад измешајте брашно и прашок за печиво. Помешајте ги сувите и мокрите состојки со лажица за мешање.
  5. Ставете сè во плех и печете околу 30 минути на 200 степени.
  6. Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

 

singlepost_text