Наједноставната пита: Колач со јаболка кој може да го направат дури и неискусни домаќинки!

Наједноставната пита: Колач со јаболка кој може да го направат дури и неискусни домаќинки!

Колач со јаболка кој може да го направат дури и неискусни домаќинки!

Состојки:

  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 кг јаболка
  • цимет (по вкус)
  • 200 гр маргарин

Напомена:Мерката за чаша во овој рецепт е 3 дл

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите суви состојки (брашно, шеќер, гриз, прашок за печиво). Изрендајте ги јаболката и зачинете ги со ванилин шеќер и цимет.
  2. На подмачкан плех ставете ред суви состојки, па ред јаболка и цимет и така повторувајте додека не се потроши целиот материјал.
  3. На врвот изрендајте маргарин кој ќе му даде сочност на питата.
  4. Печете 30 минути на 180 степени во претходно загреана рерна.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Праски 15 денари – Еве каде е оваа акциска сена

Зошто е здраво да јадеме праски?

ВИДЕО: Рецепт за домашен леден чај од праска – ќе ве чини помалку од 15 денари

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Природна лимонада од праски – веднаш ќе посакате да ја направите

Портокал, праска, кајсија… Здравствени предности на природните oвошни сокови

Исхрана на децата: Еве колку овошје и зеленчук треба да јадат дневно

Јадете колку сакате – Антиоксиданс диета