Летните одмори завршија, сите се вративме на тековните обврски и знаеме дека по напорниот работен ден, ни останува малку време кое сакаме да го поминеме со најблиските на трпеза. Ако немате многу време, а сакате да го соберете семејството, ви нудиме одлична гибаница со супер вкус, готова за неколку минути.
Состојки:
- 500 гр кори за гибаница
- 300 гр сирење
- 2 шолји масло
- 2 јајца
- 1 шолја кисела павлака
- 1 лажиче сол
Подготовка:
- Се матат јајцата со малку кисела вода, се додава маслото, издробеното сирење и се добро се меша, па на крај се додава и киселата павлака.
- Со масло се премачкува плех за печење и се редат корите за гибаница. Се става една кора на дното, па две кои се гужваат, па се става од смесата, па уште две гужвани кори.
- Постапката се повторува додека има смеса.
- Последната кора се премачкува со масло.
- Се пече околу 30 минути на 200 степени.
- Добар апетит!
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат