Компирите се омилено јадење на речиси секој од нас, а овој пат Gotvi.mk ви нуди супер декориран компир од кој застанува здивот.
Состојки:
- 6 поголеми компири
- 3 шолји чедар сирење
- 220 гр крем сир
- 1 шолја младо лукче
- 12 парчиња сланина ПекабескоЗа декорација:
- кисела павлака и лукче
Подготовка:
- Рерната се загрева на 220 степени, а во меѓувреме, добро се мијат и лупат компирите. Се прават неколку дупки во секој компир, па секој од нив се замотува во фолија и се става на грил тава околу 20 минути.
- Во сад настрана се мешаат чедар сирењето, крем сирењето и лукчето.
- Компирот се вади од рерна и се остава да се излади, па откако ќе може да се работи со него, се вдлаби внатрешноста. Се полнат компирите со смесата од садот, и се замотуваат со две парчиња од вкусната сланина од Пекабеско.
- Печете на 175 степени околу 30 минути.
- Пред да ги извадите од рерна се додава павлака и лукче, па се пече вака декориран компирот уште пет минути.
- ПРЕПОРАКА: Послужете со големо парче сирење.
Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија
ВИДЕО: Анастасија ја објави Цеца облечена во венчаница
Ја прашаа Лепа Брена што е по националност – Еве што одговори
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
Принцот Хари е на диета – Еве што не смее да јаде
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ