Шницли со пиперки – вкусно јадење за кое не треба многу труд

Шницли со пиперки – вкусно јадење за кое не треба многу труд

Вкусно јадење за кое не треба многу труд…

Состојки:

  • 500 гр телешки шницли
  • брашно по потреба
  • 2 црвени пиперки
  • 2 жолти пиперки
  • 2 главици кромид
  • масло
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Шницлите истолчете ги во толчник. Посолете и зачинете по вкус од двете страни.
  2. Во тава загрејте масло. Шницлите убаво поминете ги во брашно, потоа наредете ги во тавата и пржете ги од двете страни додека да заруменат. Потоа, извадете ги на чинија и оставете ги на страна.
  3. Пиперките исечете ги на ленти, исечкајте го и кромидот, па пропржете на истото масло додека не омекне.
  4. Потоа вратете ги шницлите во тавата и гответе уште некое време.
  5. Сервирајте со салата по избор.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Лубеницата е кралица на овошјето – вкусна чинија за многу здравје

Веднаш тркнете во маркет да купите ананас

Тие се најздравото овошје – сигурно не ни помисливте на нив

Сутлијаш со шумско овошје

Добар старт на денот: Егзотичен напиток за енергија

ВИДЕО: 4 магични трикови со овошје

Заборавете на ледот – одсега само ова ќе го ставате во пијачката