Рецепт за домашна нутела!

Рецепт за домашна нутела!

Со релативно малку состојки ќе подготвите највусен и најкремаст домашен намаз од лешници.

Состојки:

  • 1 чаша лешници, потпечени
  • 1/4 чаша шеќер
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици кокосово масло
  • 300 гр чоколадо

Подготовка:

  1. Потпечете ги лешниците: Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги лешниците во плех и печете додека дапозлатат околу пет минути. Оладете ги.
  2. Во миксер измешајте ги лешниците со шеќер, какао во прав и сол додека не добиете своевидна паста. Додајте масло од кокос и миксајте додека смесата не стане глатка.
  3. Додајте малку разладено чоколадо и миксајте додека не се поврзе. Ставете во тегла и чувајте го на собна температура до две недели. Иако веруваме дека теглата нема да издржи ни неколку дена 🙂

На здравје!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Овошно суши

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Вафли за заљубени

singlepost_text