ЛЕСНО И БРЗО: Пилешко месо со шампињони

ЛЕСНО И БРЗО: Пилешко месо со шампињони

Лесно и брзо подгответе го ова вкусно јадење…

Состојки:

  • 500 гр бело месо
  • 500 гр шампињони
  • 1 поголема главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 голем морков
  • 1 лажица зачин
  • бибер по желба
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица густин

Состојки за прилог:

  • 200 гр ориз
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажичка зачин


Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот заедно со лукот и морковот (на коцки). Пропржете.
  2. Во друг сад подгответе го белото месо. Одвојте го од коските и исечете го на мали шницли.
  3. Секоја шницла извалкајте ја во брашно па наредете ги по издинстаниот кромид.
  4. Наредете го месото едно покрај друго.
  5. Налејте го месото со чаша вода од 2 дл и динстајте на тивок оган 30 минути.
  6. 10 минути пред крај додајте ги исчистените шампињони исечени на половина
  7. После десетина минути додајте го прво разматениот густин во малку вода, а веднаш потоа и двете лажици павлака. По една
  8. минута тргнете го садот од оган и зачинете.
  9. Згответе го оризот како прилог.

На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук

singlepost_text