Крофни со орео колачиња за експлозија од уживање

Крофни со орео колачиња за експлозија од уживање

 Крофни со крем, крофни со мармалад, крофни со џем. Како и да бидат подготвени, солени или благи, крофните имаат одличен вкус. Овој рецепт долго ќе ви остане во мислите. Крофни со фил од орео колачиња и чоколадо се врвно уживање.

Состојки:

  • 10 орео колачиња
  • 90 гр крем сир
  • 250 гр брашно
  • 1,5 лажици прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол
  • 120 мл млеко
  • 50 гр путер
  • 2 лажици масло
  • темна чоколада
  • 50 гр бела чоколада

Подготовка:

  1. Орео колачињата се ставаат во кесе и се толчат. Откако ќе се издробат сите, се оставаат во сад настрана.
  2. Половина од колачињата се мешаат со крем сирот.
  3. Во друга чинија се ставаат состојките за тесто: брашно, шеќер, прашок за печиво, млеко, сол, путер и масло и добро се меша додека смесата не стане хомогена.
  4. Се прават топчиња од тесто и се става фил од кексите со крем сир на средина, како и една коцка чоколадо. Се замотува кроасанот и се става во врело масло.
  5. Одозгора се поливаат со бела чоколада.
  6. Уживајте во ова вкусно задоволство 🙂

Повеќе поврзани вести на Готви.мк

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава