Деликатес на трпеза: Канелони со четири вида сирење

Деликатес на трпеза: Канелони со четири вида сирење

Од италијанската кујна никогаш доста. Вкусовите и намирниците кои можат да се комбинираат, даваат одличен вкус. Овој пат, ви нудиме канелони со четири вида сирење. Едноставно, а неодоливо вкусно.

Состојки:

  • 200 гр канелони 
  • 1 лажица маслиново масло 
  • 2 лукчиња 
  • 1 конзерва пелат 
  • 1 лажица оригано 
  • 2 лажици босилекЗа фил:

     

  • 150 гр козјо сирење 
  • 150 гр рикота 
  • 150 гр моцарела 
  • 150 гр пармезан

Подготовка:

  1. Рерната се загрева на 200 степени. На масло се пржи лукот, се додава пелат, сол и бибер, босилек и оригано. Сè се крчка околу 10 минути. 
  2. За полнење се мешаат сите четири вида сирење, кои се претходно добро изрендани, па се полнат канелоните. 
  3. Се ставаат во сад за печење, и се полеваат со сосот од тавата. 
  4. Најгоре се ренда моцарела. 
  5. Се пече 40 минути натемпература од 200 степени. 
  6. Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Врап со туна кој се прави за 5 минути

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство