Практичен, едноставен и брз рецепт за пита…
Пита? Јадењето на кое малкумина можат да му одолеат. Но, иако омилена, многумина ретко ја подготвуваат, бидејќи бара доста време и труд. Меѓутоа, со овој згоден, практичен и пред се брз рецепт тоа веќе нема да биде така.
Состојки:
- 3 јајца
- 10 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
- 1 лажица сол
- 200 мл јогурт
- 200 гр свежо сирење/фета сирење/мелено месо/спанаќ
- зачини по желба
Начин на подготовка:
- Јајцата добро разматете ги и додајте им јогурт, брашно и прашок за печиво како и лажица сол и зачини по желба.
- Потоа додајте ги состојките по желба.
- Ставете во мал сад за печење и печете околу 20 минути на 180 степени.
- Послужете со јогурт или некој друг омилен пијалак.
Добар апетит!