Не знаете што да зготвите? Еве одлична идеја за ручек – подгответе полнети пиперки на брз и фин начин.

Не знаете што да зготвите? Еве одлична идеја за ручек – подгответе полнети пиперки на брз и фин начин.

Пиперките исчистете ги од семки. Во сад ставете месо и по ред додадете ги сите состојки и добро измешајте.

Состојки за месо:

  • 700 гр мешано мелено месо
  • 2 парчиња ситно сечкан кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица пипер
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка црн пипер
  • 6 лажици ориз
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос
  • 1 лажица вегета

Останати состојки:

  • 1 кг пиперки
  • 1/2 дл маслиново масло
  • 2 големи лажици брашно
  • целер
  • 2-3 лажици доматно пире
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете го маслото и на него пропржете брашно. Во тоа додајте го доматното пире.
  2. Долевајте вода додека не ја добиете саканата густина на сосот.
  3. Во сосот ставете ги полнетите пиперки и целерот. Поклопете и гответе 20 минути во експрес лонец или час и половина во обичен лонец. Рецептот е за шест лица.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Лубеницата е кралица на овошјето – вкусна чинија за многу здравје

Веднаш тркнете во маркет да купите ананас

Тие се најздравото овошје – сигурно не ни помисливте на нив

Сутлијаш со шумско овошје

Добар старт на денот: Егзотичен напиток за енергија

ВИДЕО: 4 магични трикови со овошје

Заборавете на ледот – одсега само ова ќе го ставате во пијачката