Македонска традиционална алва – Маестрален, а лесен рецепт

Македонска традиционална алва – Маестрален, а лесен рецепт

Направете традиционална алва по рецепт кој ни го испрача Александра Стојановска Бизевска. Навистина изгледа многу вкусно, а се прави едноставно и брзо. Прочитајте како:

Состојки:

  • 1 шолја масло за готвење
  • 2 филџани гриз
  • 2 -3 филџани шеќер
  • 4 филџани вода
  • сечкани ореви по желба

Начин на подготовка:

  1. Гризот и оревите се пропржуваат додека да поруменат (да не загорат). Се додава маслото и кратко се пропржуваат.
  2. Додадете го шеќерот и на слаб оган се пропржува. Постојано се меша да не загори, додека да се карамелизира.
  3. На крај се става и целата вода и се меша додека не згусне, но не премногу. СОВЕТ: Згуснува бргу, да се внимава да не се направи гризот како суви грутки. Треба да биде како млечна каша.
  4. Се сипа во калап и се остава да се стврдне, прво на собна температура, додека е жешка, а штом се олади, ставете ја уште два саати во фрижидер. Може да се стави и во калап за мафини да отстои.
  5. Се превртува од калапот и се поросува со сечканите ореви.

Зимно време се декорира со суво грозје, летно со свежо грозје, како што е на сликата, вели Александра.

Прочитај повеќе рецепти за десерти на Gotvi.mk:

Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела

Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Вафли за заљубени

singlepost_text