Не е за луѓе со слабо срце: Ова е најјакото кафе на светот!

Не е за луѓе со слабо срце: Ова е најјакото кафе на светот!

Речиси невозможно е да го замислите почетокот на денот без кафе. Пиење шолја кафе е еден од најчестите ритуали ширум светот. Едно кафуле отишло чекор подалеку и понудило црна напивка која содржи кофеин колку што има во 80 стандардни шолји кафе.

Легендата вели дека до откритието на оваа моќна напивка дошло кога медицинска сестра на итна помош се обидувала да остане будна. Го консумирала ова кафе два дена, а на крај останала будна дури три дена.

ViscousCafe во Аделаида од тогаш стана популарно кафуле и една од туристичките атракции на овој град. Но, сопственикот на кафулето предупредува дека овој пијалак не е за луѓе со слабо срце.

Фатална доза кофеин изнесува 18 грама консумирана во период од два часа. AssKicker, како што е наречено ова кафе, содржи 5 грама кофеин и се предлага да се консумира во текот на три до четири часа.

Повеќе поврзани вести на Готви.мк

Пржена банана

Напиток кој го менува денот: Смути од кафе и банана

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција