ГОТОВ ЗА МИНУТА: Еве како да направите вкусен чоколаден колач БЕЗ ШЕЌЕР

ГОТОВ ЗА МИНУТА: Еве како да направите вкусен чоколаден колач БЕЗ ШЕЌЕР

Вкусен десерт кој брзо се подготвува…

Состојки:

  • 2 белки
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 1/2 лажичка какао
  • 5 лажици млеко
  • 1/3 лажичка прашок за печиво
  • засладувач

Начин на подготовка:

  1. Белките разматете ги додека не се направи цврста пена, додајте ги останатите состојки, измешајте и ставете во микробранова на минута. Обратете внимание чинијата да биде доволно длабока, бидејќи тестото ќе се подигне барем 3 пати од првобитниот обем.
  2. Можеби за нечија микробранова ќе биде потребно повеќе време, па вие после една минута проверете дали треба да продолжите уште.
  3. Оваа количина е доволна за еден колач, за едно лице.
  4. Пред послужување, по желба, колачот можете да го прелиете со пудинг од чоколадо или шлаг.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти за десерти на Gotvi.mk:

Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела

Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Вафли за заљубени

singlepost_text