ПРЕДЛОГ ЗА ВЕЧЕРА: Уштипци од компир со шампињони

ПРЕДЛОГ ЗА ВЕЧЕРА: Уштипци од компир со шампињони

Топеното сирење во оваа комбинација дава необичен и незаборавен вкус…

Состојки:

  • 1 кг компир
  • сол
  • бибер
  • кромид
  • 400 гр мали шампињони
  • 5 лажици масло
  • 4 парчиња сирење (околу 80 гр)
  • 2 лажици сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Излупете го компирот, измијте го, па изрендајте го. Зачинете со сол и бибер по вкус.Исечкајте го кромидот.
  2. Преполовете ги шампињоните.
  3. Во тава загрејте лажица масло, пропржете ги шампињоните, па додајте кромид и се заедно кратко динстајте. Извадете и оставете на страна.
  4. Добро загрејте го останатото масло во тава, па од двете страни испржете осум уштипци од изренданиот компир.
  5. Вклучете ја рерната на 200 степени. Уштипците наредете ги во плех, преку нив распоредете шампињони, па не секој ставете по половина парче сирење и малку бибер.
  6. Печете 10 минути, па сервирајте со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

 

singlepost_text