Дека компирот е намирница која може да се комбинира и подготвува на бројни начини веќе е добро познато. Овој пат ви пренесуваме едноставен рецепт – потпечен компир со кисела павлака.
Состојки:
- 1/2 кг компир
- 50 гр пармезан
- 500 мл павлака за готвење
- 3 чешниња лук
- сол
- пипер
- зачин по желба
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите и кратко варете ги, па исечете ги на парчиња.
- Додајте ги сите останати состојки и сè заедно ставете во сад за печење.
- Печете во однапред загреана рерна на 180 степени половина час.
- Кога компирот ќе зажари, извадете го од рерна и истурете го вишокот од течноста во посебен сад.
- Вратете ги компирите во печка уште пет минути и вашето јадење е готово!
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Гнездо од компири со селско месо
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин