Келнери и готвачи во ресторани откриваат што никогаш не би нарачале!

Келнери и готвачи во ресторани откриваат што никогаш не би нарачале!

Сигурно многу пати сте размислувале за подготовката на храната од вашиот омилен ресторан. Келнерите и готвачите откриваат што е тоа што никогаш не би го нарачале.

Вработените искрено на Реддит одговарале на прашањето што никогаш не би јаделе од сопствениот ресторан.

Судејќи по одговорите, ниту обична супа не е сигурен избор бидејќи во повеќето ресторани не се чува во фрижидер. Голем дел од нив предупредија на разни додатоци во пијалаците, како парчиња од лимони, кои воопшто не се мијат.

Во фините ресторани сè почесто се нуди ценетото масло од тартуф, кое како што велат не содржи ни ронка од скапоцената печурка. „Целосно вештачки добиен мирис и вкус“, стои во одговорите.

Во јапонските ресторани гостите често нарачуваат „spicyyellowtail“, во кој се ставаат сите отпадоци од разни видови риба кои речиси никогаш не се свежи. Најлошо од сè е, велат анкетираните келнери, што не знаете што всушност јадете.

Вработен во персоналотна два ресторани отишол и чекор подалеку па заклучил дека најдобро би било луѓето да јадат дома, бидејќи само така знаат што јадат. Истакнал дека ништо во рестораните не е свежо, дека садовите не се мијат, а салатата секогаш е неизмиена.

Следниот пат кога ќе нарачате обична минерална вода или газиран пијалок, размислете за лимонот кој уредно ви го ставаат во пијалакот, запрашајте се дали салатата е измиена, или колку пржени компирчиња дошле од неизмиената фритеза.

Јадете во проверени ресторани, а местата со илјада јадења на менито, слободно заобиколете ги – е заклучокот на анкетираните келнери и готвачи.

Прочитај повеќе:

ВИДЕО: Како изгледала последната свечена вечера на Јосип Броз Тито

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text