Ролат од пилешко месо и леб – деликатес кој морате да го пробате! (ВИДЕО)

Ролат од пилешко месо и леб – деликатес кој морате да го пробате! (ВИДЕО)

Барате едноставен рецепт кој ќе ги воодушеви вашите гости и семејството? Можеби овој крцкав ролат е вистински избор за вас. Проверете!

Состојки:

  • Пилешки гради
  • 400 гр брашно
  • 400 грпрезла
  • 4 јајца
  • 200 мл масло за пржење
  • 1 голем багет
  • 10-12 парчиња моцарела
  • 65 гр растопен путер
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 лажица пармезан

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги пилешките гради на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. Убаво поминете ги во брашно, изматени јајца и презла.
  2. Парчињата пилешко месо испржете ги во врело масло додека да добијат златно-жолта боја.
  3. Багетот исечете го на три или четири еднакви делови, со големина на прженото пилешко. Од багетот извадете ја меката средина и внатре ставете ги парчињата пилешко кои сте ги замотале во моцарелата.
  4. Така подготвениот багет исечете го на парчиња широки околу 2,5 сантиметри.
  5. Преку лебот намачкајте сос од путер, магдонос, лук и пармезан.
  6. Замотајте ги парчињата багет во алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.

Добар апетит!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Полнети тиквици

Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Ќофтиња од тиквичка

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Турли тава по најдобар рецепт

Крем супа од зеленчук

Одлична идеја за ручек

ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица

Печена пица палачинка

Пица на два ката

ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

singlepost_text