Ако сте помислиле дека на паметните изуми им дошол крај, се лажете. Компанијата „Samsung“ отиде чекор подалеку и произведе каиш кој ги предупредува корисниците на прејадување.
Станува збор за проект кој заживеа на сервисот „Kickstarter“, а кој доби поддршка од „Samsung“. Паметниот каиш под назив „Welt“ има сензори за следење на опсегот на струкот, активностите и навиките на внесување храна, а целта е охрабрување на корисниците на здрав животен стил.
„Welt“ изгледа и функционира како обичен каиш, но во себе има напредна технологија. Освен наведените можности, ременот го следи чекорот во текот на денот, како и времето кое корисникот го поминува во седечка положба.
Сите информации може да се видат преку телефон, а батеријата трае повеќе од 20 дена. Достапни се моделитеClassic, ClassicMen, ClassicWomen и Premium.
Цената на овој каиш ќе изнесува 69 долари, а првите испораки се очекуваат 2017 година.
Повеќе вести на Gotvi.mk:
Брза диета според вашата градба на тело
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате